На 02.01.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје И.Н.(30) од Скопје пријавил дека на 01.01.2022 околу 23.00 часот, пред рампа за влез во парк-шума „Гази Баба“, четири лица му одзеле јакна и ранец со професионална опрема за фотографирање, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.