На автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане вчера околу 17 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички моторни возила при што се повредени три лица.

-Учествувале „Ауди“ со хрватски национални ознаки управувано од 48-годишниот Ф.А. од тетовски Пирок, „Мерцедес“ со гостиварски ознаки што го управувал 20-годишниот Б.А. од гостиварско Сенокосе и „Опел“, исто така, со гостиварски ознаки, управуван од 55-годишниот М.А. од тетовско Боговиње. Во несреќата, сопатничката од „опелот“, Д.А.Х.(32) од гостиварско Дебреше се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и уште еден сопатник од истото возило се здобиле со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на сообраќајката увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2022 15:32