На 03.01.2022, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кражба во Уметничката галерија Безистен во Штип.

Исто така, тој се сомничи и дека претходно во неколку наврати извршил кражби во галеријата, при што одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и биле предадени на Националната установа завод и музеј Штип. По целосно документирање на случајот против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2022 16:55