Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Р.(37) од Гостивар и С.С.(46) од с.Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на 2019 година, во повеќе наврати довеле во заблуда лице од с.М.Турчане, дека можат да му средат документи со кои ќе може да инвестира во недвижности по цени пониски од пазарните, за сума од 60.000 евра. Паричните средства лицето ги исплатило во неколку наврати преку брз трансфер на пари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2022 06:49