Денеска (05.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 16 возачи, од кои осум на територија на Тетово и осум на територија на Гостивар.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.