Х.И. вчера во 14.53 часот во Полициската станица Бит-пазар пријавил дека на стадионот Чаир на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје во текот на ноќта (5-6 јануари) непознати сторители насилно влегле и оштетиле столчиња од трибините, врати и инвентар од соблекувалните, а бил запален и оган.
Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегле на место на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.