Во организција на Коалицијата „Менуваме“ денеска во детскиот парк кај Капитол мол во општина Аеродром ќе се одржи инклузивна празнична забава со Дедо Мраз со делење пакетчиња за децата со попреченост, дружба и настап на уметници од македонската естрада.
Како што информираат од Коалицијата „Менуваме“, целта на настанот е будење на свеста за животот на децата и младите со попреченост и нивна поголема социјална видливост.
-Дали некогаш сте се обиделе да влезете во чевлите на другите, да влезете во нивната кожа и да искусите една ден од нивниот живот? Сите заедно да направите нешто што го правите секој ден. Во Клубот Дежаву ќе се дружиме на кафе, жива музика и дружба со лица од македонската естрада и токму сите да си помогнете заедно да бидеме чекор поблиску до општество без граници, велат од од Коалицијата „Менуваме“.
Настанот е резултат на иницијатива која е дел од програмата „Агенда 2030“, реализиран од Коалиција „Менуваме“, а поддржан од Клуб Дежаву, Аеродром.