Општина Ѓорче Петров за првпат се вклучува во еколошката акција „Генералка викенд – за чисто како дома исто“, во организација на Зелена Сончева, за подигнување на свеста кон третманот на отпадот и негова селекција.

Во периодот од 6-9 Мај, жителите на Ѓорче Петров ќе имаат можност да се вклучат во оваа акција, а за секој 10 килограми селектиран отпад од страна на МЗШВ ќе биде дониран по едно дрво и одредена локација на која ќе се пошумува.

Ја подигаме свеста за животната средина и одговорноста кон средината во која живееме – порачува градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2022 15:29