Општина Бутел заедно со Град Скопје навремено со брза реакција го дочекавме првиот овогодишен снег.
Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез.
Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје.
Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација. #ОпштинаБутел