Екипи на ЈП „Водовод и канализација" – Скопје го санирале големиот дефект кој вчера остави без вода повеќе улици во главниот град.

Деликатниот дефект според градските власти се случил на улиците „Теодосиј Гологанов” и „Анкарска”.

– Дефектот бил деликатен, бидејќи цевката била длабоко под асфалтот и од истата било откинато големо парче на пластика, што укажува на тоа дека со оглед на големината на дефектот, истиот е саниран и завршен за многу кусо време, а жителите од околните улици уште во текот на вчерашниот ден биле приклучени и имаат непречено водоснабдување, соопштија од Град Скопје.

Поради овој дефект на цевка со дијаметар од 400мм без водоснабдување вчера беа оставени жителите од соседните улици, односно улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов", „ Анкарска", „Атинска", „Њуделхиска", „Бахар Моис Римска", „Панче Пешев", „Наум Евро" и дел од улица „Борка Талевски", а со намален притисок на водоснабдување беа дел од жителите на населба Козле.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2022 16:01