По денешните врнежи на снег, екипите на Зимската служба на Општина Илинден се на терен каде со специјализирана механизација се чистат сите улици и патишта кои се во општинска надлежност.
На терен делуваат екипите на ЈКП „Илинден“ кои го чистат снегот со цел обезбедување на олеснет пристап и движење на граѓаните во зимски услови.
Апелирам сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот.