Вечерва заедно со претседателот на Советот, Дејан Митески излеговме на терен и будно ја следиме состојбата со снегот.

Оваа зимска сезона секој дел од Општината ќе биде опфатен со ангажман на зимската служба. Тимовите моментално се на терен и ќе работат во текот на целата вечер.

Ќе продолжиме активно да ги чистиме јавните површини под наша надлежност, со што ќе обезбедиме безбедно и непречено движење на граѓаните во нашата општина, без никаков застој.

Воедно, упатувам апел возачите да бидат претпазливи и да возат внимателно, информираше Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2022 03:30