Филмскиот продуцент Горјан Тозија почина на 68-годишна возраст. Според информациите во медиумите Тозија починал како резултат на пневмонија.

Тозија во својата богата кариера бил државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година директор на „Вардар филм“.

Во тој период во продукција на „Вардар филм“ се сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“. Неговите пријатели се збогуваат од него на социјалните мрежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2022 10:20