Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов, наводно, одлучил да го затвори кратерот Дарваз, познат и како „Портата на пеколот“.

Според пишувањата, има повеќе причини за тоа, како што се штетното влијание врз здравјето на луѓето, губењето вредни ресурси на природен гас и оштетувањето на животната средина. Премиерот на Туркменистан добил задача да собере научници, а по потреба – и странски консултанти за да се изнајде начин за гаснење на пожарот.

Јамата се создаде раните 1970-ти, откако земјиштето се урна поради советската експедиција за дупчење заради природен гас. Научниците се обидоа со оган во дупката да спречат ширење на гасот, па оттогаш кратерот гори без престан.

Тоа потоа стана туристичка атракција, но претседателот на оваа земја, решил да ги затвори „Парите на пеколот“, според наводите на тамошните медиуми.

Туризмот е сè уште индустрија во развој во Туркменистан, а бројот на туристи една година пред пандемијата беше само неколку десетици илјади. Современиот аеродром во престолнината Ашгабат беше отворен 2006 година и чинеше 2,3 милијарди долари. Целта е и да се подобри меѓународниот углед на Туркменистан, начнат меѓу другото, и поради тоа што земјата е 178-та на списокот 180 држави според медиумската слобода.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2022 12:42