Страница од стрип за „Спајдермен“ е продадена за 3,36 милиони долари на аукција на „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions) во Тексас (САД).
Илустрацијата датира од 1984 година и на неа уметникот Мајк Зек првпат го прикажува популарниот лик од стриповите, во црн костим. Џо Мадалена, потпретседател на аукциската куќа, изјави дека покрај страницата од стрипот „Спајдермен“, продаден е и исклучително редок примерок од првото издание на „Супермен“. Тој чинеше 3,18 милиони долари.
Картички „Покемон“, и стрипови, исто така биле предмет на високи наддавања на неодамнешните аукции. Според аукционерите, „колекционерите плаќаат за својата носталгија“.