Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат неопходните мерки и активности за расчистување на пријавениот напад во текот на вчерашниот ден врз вработена во младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно кога, според пријавеното, едно лице упатувало закани и навреди кон вработената.

-МВР во координација со Обвинителството презема и мерки и активности за случаите на говор на омраза кон вработени во организацијата „Хера“. Најостро ги осудуваме ваквите појави и ги охрабруваме граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи во најблиската полициска станица или на мејлот cybercrime@moi.gov.mk, а ние во координација со Обвинителството ќе ги преземеме неопходните мерки и активности за соодветно санкционирање, се вели во соопштението.

Од МВР посочуваат дека има нула толеранција кон заканите за безбедноста на било кој граѓанин и континуирано преземаат мерки за санкционирање на ваквите појави.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2022 01:52