Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против З.М.(58) од с.Могорче, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на 2020 година пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист од А.А. од Струга, го довел и држел во заблуда дека за сума од 72.000 денари ќе му обезбедел оригинална хрватска возачка дозвола.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2022 01:52