- Како што ветив уште првиот работен ден, веќе остварив работна посета на Клиничкиот центар каде има долгогодишен проблем со гужви на паркинг просторот.

Проблемот е засилен поради пандемијата со Ковид 19, што во изминатиот период им создава дополнителни проблеми на граѓаните.

Во овие моменти на пандемија, претеран метеж на паркингот создава големи потешкотии и за здравствените работници.

Таму остварив средба со вработените на ова паркиралиште кои ги истакнаа своите секојдневни проблеми, а поразговарав и со корисници на паркинг просторот. Беа посочени клучните проблеми и се изнајдоа првичните решенија за решавање на проблемот.

Уште од понеделник на влезот на парлиралиштето на Клинички Центар ќе бидат дополнително распоредени тројца вработени во ЈП Градски Паркинг – Скопје, кои во координација со постојните вработени ќе ги пренасочуваат граѓаните кои влегуваат на паркиралиштето за тоа каде и дали има слободни паркинг места.

Апелираме до граѓаните, паркинг просторот да се користи доколку е навистина неопходно и ургентно.

Да се почитуваат насоките и сугестиите на вработените во ЈП Градски Паркинг Скопје.

Да се користат останатите паркинзи на претпријатието надвор од Клиничкиот Центар.

Да се користи алтернативниот превоз како што се автобуските линии и други превозни средства.

Во исто време, апелираме да се користат паркоматите за плаќање, за да се избегне гужвата пред пунктовите за наплата.

Во периодот што следува ЈП Градски Паркинг ќе постави и дополнителни патокази за известувања со цел подобра организација на паркинг просторот. Ќе следува и иницијатива за средба со раководството на Клинички Центар за заеднички да се изберат најдобрите решенија за паркингот.

Потребно е долгорочно решение на кое продолжуваме да работиме, а со кое би се зголемил бројот на паркинг места, нешто за што ќе биде потребна заедничка иницијатива со град Скопје и со Клиничкиот Центар, информираше новиот директор на ЈП Паркинзи, Бојан Христовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2022 16:39