Во текот на вчерашниот ден (15.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач.

Од нив едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 12:23