ЕВН известува дека утре и задутре, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Кисела Вода и Карпош.

Од 09:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Борис Трајковски" крак бр. 1 и бр. 7. во Општина Кисела Вода.

Во истата општина, од 14:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Димо Хаџи Димов", куќни броеви од бр. 40 до бр. 68.

Задутре, на 18 јануари (вторник), од 08:30 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидар корисниците од ул.„Петар Драпшин", куќни броеви: 1, 4, 5 и 7, во Општина Кисела Вода.

Од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Малешевска" во Општина Кисела Вода.

Од 13:00 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. „Костурски Херои", куќни броеви: 49 , 51, 53 и 55 во општина Карпош .



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2022 02:26