Тимови од Град Скопје составени од претставници кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните и претставници од јавните претпријатија во надлежност на градот, денеска во општина Гази Баба на терен разговарале со граѓаните и преземале дел од податоците неопходни за теренската проценка.

Од прес-службата на општина Гази Баба информираат дека по завршување на теренската работа, се преземаат активности за креирање листа на проекти неопходни за надминување на предизвиците со кои се соочени граѓаните, со акциски план за нивно спроведување. Најголемиот број жители во оваа општина, според соопштението, ги истакнале проблемите со водоводната мрежа, инфраструктурата на улиците, потребата од тротоари за безбедно движење, како и соодветна светлосна сигнализација

Од Град Скопје потенцираат дека градоначалничката Данела Арсовска ги почна средбите со месните и урбаните заедници токму од општина Гази Баба минатиот месец, каде сите претставници имале можност детално да ги образложат предизвиците со кои се соочуваат жителите на оваа општина.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 02:27