На 17.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лишени се од слобода Н.Т.(21), Д.А.(18) и Г.С.(18), сите од Штип, поради сомнение дека околу 02.15 часот на ул.„Јајце“ во Штип со употреба на сила и подобен алат извршиле тешка кражба од товарно моторно возило „ивеко стралис“, со штипски регистарски ознаки.

Украденото е одземено од приведените и ќе биде вратено на сопственикот.

По комплетно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 14:47