Полицијата приведе 29-годишен кумановец осомничен за сторени „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираше денеска СВР Куманово.

– Вчера, во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С. (29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, соопшти СВР Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 15:29