Општина Гази Баба ја информира јавноста и граѓаните дека на ден 19.01.2022 година (среда) по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, ја организира традиционалната Пивтијада 2022 година.

Манифестацијата ќе се оддржи на плоштадот во Автокоманда со почеток во 13 часот.

Манифестацијата покрај културен, има и натпреварувачки и хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажбата на пивтиите ќе бидат донирани на Детската клиника во Скопје.

На манифестацијата едночасовен концерт ќе има естрадниот уметник Јордан Митев.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 03:19