Со заеднички чекори, од двете страни, решено е едно отворено прашање кое ни претставуваше проблем во дел од меѓународните организации, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во врска со одлуката на Бугарија да го користи скратеното име на нашата држава – Северна Македонија.

Ова, според Маричиќ, е гест на добра волја од двете страни за да се стекне натамошната доверба.

-Со овој чекор кој е едно од отворените прашања, решаваме еден проблем – затвораме едно прашање и креваме една од блокадите. Со ова се затвора еден проблем. Бугарија практично ја менува својата позиција и почнува да го користи краткото име. И премиерот Петков денеска неколку пати го употреби скратеното име – Северна Македонија. Решено е едно отворено прашање кое нам ни предизвикуваше проблем во дел од меѓународните организации. Ова е тема која скоро две години е отворена и со неа се оспоруваше нашето право да се нарекуваме со кратко име, рече Маричиќ во интервју за Телма телевизија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 03:19