Започнавме со потпишување на решенијата за легализација на објекти на територија на Општина Бутел.

Со овој чин се одглави процесот на легализација на објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Во Општина Бутел се поднесени над 7.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница.

За да се забрза процесот на завршување на предметите, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам.

Проблемот што им создаваше потешкотии на граѓаните на Општина Бутел за многу скоро ќе стане минато.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 03:20