Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска воспостави комуникација и договори конкретна соработка со официјалниот претставник на Фондација „Конрад Аденауер” во Скопје, Даниел Браун и програмскиот менаџер на фондацијата Давор Пашоски.

-Во разговорот, Арсовска изрази очекување дека оваа средба ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Градот и Фондација „Конрад Аденауер”, преку конкретни заеднички чекори и активности кои промовираат демократски вредности, заедништво и солидарност, со цел градење на модерно Скопје, информираат од Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 03:52