СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.И.(26) од кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Имено, пријавениот на 21.11.2021 во Кавадарци, со употреба на сила и закана од С.А. од Демир Хисар одзел мобилен телефон, а на 28.11.2021 во Кавадарци, физички ја нападнал И.П. од Кавадарци, а со употреба на физичка сила од М.Ф. од Кавадарци, одзел мобилен телефон и женска ташна.

Против него е поднесена уште една кривична пријава поради тоа што на 17.12.2021 во Кавадарци задоволувал полови страсти на јавно место, пред друго лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 03:53