ЈП „Водовод и канализација” – Скопје денеска упати апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период.

Оттаму посочуваат дека ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

– И покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. „Среќко Пужалка” и 4 на ул. „Финска”. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок, потенцираат од скопски Водовод.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 14:09