Дел од корисниците од улиците „Пандил Шишков“ и „Коста Новаковиќ“, како и од улицата „Трета македонска бригада“ во близина на крстосницата со улицата „Коста Новаковиќ“, во општина Аеродром, утре од 9 дo 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивниот систем од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 12:46