Зимските служби на Општина Аеродром од рано утрово се на терен и го чистат снегот на улиците, тротоарите и другите површини под надлежност на Општината.
Уште при првите врнежи, веднаш на располагање ги ставивме сопствените возила на Општина Аеродром за чистење снег, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол.
Општината се грижи за секој еден жител, за непречено движење на пешаците, како и за безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови, а воедно ги повикуваме и граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за уште поголема безбедност на сите.