Скопјанец бил измамен за 1.000 евра, соопшти денеска СВР Куманово. Триесет и тригодишниот скопјанец се договорил за купување на пченка преку социјалните мрежи и кажал на полицијата дека ја платил, но не ја зел пченката, бидејќи друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не била платена.

– Вчера во 20:45 во СВР Куманово, 33-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.000 евра. Според пријавеното, лицето преку социјална мрежа објавило оглас за продажба на пченка, по што откако се договориле за сумата и местото на кое ќе му биде донесена пченката, пријавувачот ја исплатил договорената сума на лице испратено од пријавениот, но кога пристигнал на местото да си ја земе пченката, друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не му било платено, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2022 15:08