Јавното претпријатие „Градски паркинг“ денеска спроведе акција за расчистување на снегот од паркиралиштата со кои стопанисуваат.

Како што информираат од претпријатието во координација со Зимската служба на Град Скопје одредиле и договориле мерки и активности што треба да се преземат за да се овозможи безбеден и непречен пристап до паркиралиштата на претпријатието.

-Во акцијата за чистење вклучени се вработени во претпријатието и механизација со која располага ЈП „Градски паркинг“, т.е. комбинирана машина за чистење снег туркач и соларка, рачни лопати и мал кипер „ивеко“ за расфрлање сол на критични точки, истакнаа од претпријатието.

Чистењето се спроведе во паркинг зоните: А01, А3, А4, А05, А06, А8, Б7. Паркиралишта: Нова Македонија, АМСМ, Народен Фронт, Треска, Зоил, Тутунски Комбинат, клинички Центар „Мајка Тереза“, како и пристапните површини до: катните гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“, дирекцијата, кол центрите во Центар, Аеродром и Илинден.

– На сите наведени површини се исчистија влезно- излезните пристапи, пристапните патеки до паркинг местата и слободните паркинг места. Активностите за расчистување на снегот ќе продолжат и во текот на денот и наредните денови во зависност од потребите.Апелираме до возачите да возат внимателно со прилагодена брзина кон условите на коловозот, наведоа од ЈП „Градски перкинг“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2022 17:27