Две лица се повредени, од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 21:10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на „Проевски мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(34), и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(53), двајцата од Куманово, информираше полицијата.

Во несреќата, Б.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Увидна екипа од кумановската полиција извршила увид.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2022 17:27