Дополнително поставените редари на главниот влез во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ дава резултати во намалување на гужвите на паркинзите. Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, вели дека околу 60 до 70 автомобили дневно успеваат да ги вратат од намерата да влезат во паркингот.

– Секако, не може да им наложат да го направат тоа бидејќи сепак се работи за болница, луѓето доаѓаат за проблем, но колку што можат успеваат во својата намера – потенцира Христовски и најави дека во следниот период ќе се провери дали биле издавани картички на луѓе кои не биле вработени во Клиничкиот центар.

Тој апелираше граѓаните да ги користат и паркоматите за плаќање паркинг, како и кога плаќаат паркинг да ги оставаат автомобилите на нивното паркинг место, а не на главната улица, ни и корисниците задолжително да бараат фискални сметки. Воедно, најави нови патокази на Клиничкиот центар и воведување на посттерминали на самите наплатни пунктови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2022 16:07