Кина го произведе најголемиот електричен робот со четири нозе во светот. Станува збор за бионички робот кој е дел од напорите што на земјата – до 2025 година да стане глобален лидер во роботиката, но и во воената технологија, објави кинески „Глобал тајмс“.

Иако има огромна маса, направата може да се движи напред-назад, да се врти и да оди дијагонално. Покрај тоа, може да трча и да скока благодарение на 12 комплети артикулирани модули. Овој тн. „механички јак“ е опремен и со сензори за навигација по теренот во неговата околина и може да се прилагоди на различни видови тло, како што се стрмнини, карпи, калливи патишта, пустина, снег и друго.

Вредна за спомнување е и можноста за вооружување на роботот.

Роботот може да носи до 160 кг. товар и да достигне брзина од 10 км/ч. Се очекува да се користи извидување во тешко пристапни средини за луѓето, како што се оддалечените погранични региони и воените зони со висок ризик.

„Механичкиот јак“ може да собере и тактички информации од бојно поле. Покрај тоа, роботот може да се користи и за транспорт на опрема, муниција и храна на различни места.

Кина разви и робот-куче наречено Геда, кое тежи 32 килограми и носи околу 40 кг. товар. Програмиран е за едноставни човечки гласовни команди и користи технологија за препознавање лице. Оваа далекуисточна земја, исто така неодамна, претстави три воени бродови, во само еден ден. А, во развој се и хиперсонични ракети



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2022 19:12