Еден од најголемите светски брендови, „Кока-кола“ го прави најголемото ребрендирање на шишињата и лименките досега. Тоа значи дека наредниве недели секој од „Кока-кола“ вкусовите во продавниците ќе има препознатлив нов изглед.
Самата компанија ја претставува оваа промена како модернизација и нова маркетинг-кампања. Единечните бои ќе претставуваат еден вкус, додека двобојниот дизајн ќе ги претставува мешавините на вкусови. Белите логоа ќе значат дека пијалакот има нормален, полнокалоричен вкус, додека црните логоа ќе значат дека производот е без шеќер – со помалку калории.
Промената на брендот ќе зафати осум различни производи од „Кока-кола“: „Цреша“, „Ванила“, „Цреша-ванила“, „Цреша нула шеќер“, „Ванила нула шеќер“, „Цреша-ванила нула шеќер“,„Кока-кола без кофеин“ и „Кока-кола без кофеин и без шеќер“.
Новиот дизајн засега е најавен само за американскиот пазар.