Стефковски:

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го означи почетокот на градежните работи за изградба на фекална канализација на улицата Сава Михајлов, во населеното место Јане Сандански.

За почетокот на градежните работи, Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:


Почна изградбата на фекална канализација на улица „Сава Михајлов“

"Денес започнаа градежните работи за изградба на фекална канализација за зградите на крај на улица Сава Михајлов во населеното место Јане Сандански. Со овој проект се решава долгогодишниот проблем на граѓаните. Ветувањата дадени пред граѓаните се реализираат" - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2022 01:40