Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните на својата официјална фејсбук страна при што напиша:

"Почитувани граѓани,

Комисијата за теренска проверка на договорите за улично осветлување го достави извештајот за спроведената проверка со следниот заклучок:

Комисијата утврди дека постојат разлики помеѓу изведените работи и прикажаните работи во фактурите од страна на економскиот оператор, односно истите не се совпаѓаат.

Извештајот е поткрепен со фотографии.

По ваквиот извештај од комисијата, евидентно е дека е направена штета врз буџетот на општина Гази Баба.

Поради тоа за утре 26.01.2022 година во 11:30 часот закажав прес конференција на која на јавноста ќе и ги преставиме утврдените разлики.

Парите во буџетот на општината се пари на граѓаните и никој нема право да ги злоупотребува. Од мене граѓаните ќе имаат транспарентно и отчетно работење, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината" - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2022 02:16