Во пожар изгоре објект полн со сено во беровското село Мачево. Објектот е тврда градба во сопственост на Митко Црнешки кој живеел на горниот кат од куќата, додека во долниот дел од градбата чувал добиток.

Од ТППЕ Берово го потврдија случајот и притоа информираа дека пожарот е локализиран во 19:00 часот.

-Дојавата ја примивме во 17:46 часот, објектот е тврда градба, изгоре сено на повисокиот дел од објектот, долу се спасени и живи извадени од пожарот четири кози, а спасено е и сеното, истакнаа од ТППЕ Берово.

Пожарот целосно е ликвидиран во 20:10 часот, а во гаснењето како што додаде командирот на единицата Сашко Руменовски, учествувале седум пожарникари со две противпожарни возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2022 02:16