Паркот кој ќе го носи името ,,Иднина” е одговор на потребите и барањата на нашите жители.
На ова место, од неуреден и неосветлен простор, од депонија поради која сите ја вртеа главата настрана, оваа пролет граѓаните ќе добијат прекрасно урбано катче за одмор, рекреација и дружење.
Како еден од првите реализирани проекти и остварени ветувања, тој ќе биде симбол на иднината што им ја ветивме на нашите сограѓани.
Паркот ќе биде самоодржлив, ќе се користат фотоволтаици, а за зелените површини ќе биде поставен систем за самонаводнување.
Тоа значи дека со користење на обновливи извори на енергија, заштедуваме и ја заштитуваме животната средина.
Од она што можев да го видам на терен, во напредна фаза е оплеменувањето на просторот кој се протега на површина од 4000m2, на кој по финализацијата на проектот ќе се нудат најразлични содржини за сите генерации.
Покрај зеленило, дрвца, хортикултурно уредување, во паркот ќе има урбана опрема - клупи, летниковец, патеки за шетање, воден ѕид, a за најмладите ќе се изгради детско игралиште.
На влезот, на висок јарбол ќе се вее знамето на Република Македонија.
Ветувањата од предизборната кампања за мене се обврска и ќе работиме беспоштедно за да ги оствариме во целост, но и многу повеќе!