Серијалот видеоигри „Uncharted“ денес важи за еден од предводниците на ексклузивната понуда на „Сони Плејстејшн“. Се работи за своевидна мешавина на акционо-авантуристички приказни како „Tomb Raider“, „Gears of War“ и „Resident Evil“, со некои примеси и на „Индијана Џонс“, на пример.

Според многумина, работите кулминираа во четвртото и, можеби – најдоброто продолжение со поднаслов „A Thief’s End“, со подобар „гејмплеј“ и повеќеслојно „филмско“ сценарио, како што велат критичарите. Сè на сè, многумина ќе очекуваат и повеќе, па затоа познавачите веруваат дека „ултимативна верзија“ на играта допрва следи.

Видеоиграта за „Плејстејшн 5“ излегува утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2022 16:07