Исчистена е уште една голема депонија во населеното место Визбегово!

Продолжуваме со чистење на сите места во Општина Бутел каде што е потребно.

На секоја исчистена локација поставени се и информативни табли со кои укажуваме на забраната за фрлање шут и ѓубре!

Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачувување на хигиената!

Граѓаните на Општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина!



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2022 16:09