Денеска (27.01.2022) во 11.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кичево е лишен од слобода А.К.(35) од Кичево. За него била издадена наредба од Основен суд Кичево со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 4 години и 6 месеци.
А.К. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.