Полициски службеници на СВР Велес денеска (27 јануари) од 8 до 12 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња.
При контролата, откриени и санкционирани се четири технички неисправни возила, од кои две возила имале неисправни сопирачки.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.