СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ј.(60) од с.Белчишта, Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на службено лице во ЈПСДШ „Национални шуми“ – подружница ШПС „Галичица“ – Охрид, изготвил испратница со лажни податоци за превоз на 2,8 метри кубни огревно дрво, иако биле натоварени 6,3 метри кубни огревно дрво, со што му овозможил на Д.Л. противправно да присвои за себе 3,5 метри кубни дабово огревно дрво, а со тоа била нанесена материјална штета на правното лице во износ од 15.750 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2022 07:34