Од СВР Тетово соопштија дека ќе биде поднесена пријава за 29 годишник од Радиовце кој не го почитувал решението за изолација издадено од Дражвен санитарен и здравствен инспекторат.
– При проверка извршена од полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 11 часот и 20 минути во тетовско Радиовце било констатирано дека 29-годишниот А.Р. од ова село не бил во неговиот дом и не го почитувал решението за изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и ќе се соочи со соодветен поднесок, информираа од СВР Тетово.
Во текот на вчерашниот ден на 68 лицa изготвени им се соодветни поднесоци за неносење на заштита на лицето.