Согласно Договор за изведба на под-проектот “Реконструкција на различни улици во урбаното општинско подрачје на општина Ѓорче Петров”, предвидено е изведба на атмосферска канализација на ул.Манчу Матак и реконструкција на горниот строј на улицата по цела нејзина должина, со поставување нов асфалт.

Во овој момент, во завршна фаза е изградбата на атмосферската канализација, чија вкупна должина изнесува L=808,30m’. Согласно позитивните препораки на ЈП Водовод и канализација-Скопје, општината проектираше и изведе сепаратна продолжена атмосферска мрежа од ул.Манчу Матак , чија траса води под асфалтот и осовината на ул.Кичевска-директно до испустот во крајниот реципиент -р.Вардар.

Со изградбата на атмосферската канализација на ул.Манчу Матак ќе се постигне организирано собирање и одведување на површинските/атмосферски води по цела нејзина должина со поставување на 23 лиено-железни сливници, како и превенција од поплавување на станбените објекти лоцирани долж цела траса на улицата.

Паралелно со завршување на фазата за изведба на атмосферска канализација, изведувачот на терен започна со земјени ископи и поставување тампонски слој, по што следува фазата – поставување бетонски рабници и изведба на тротоари, чиј почеток е најавен во текот на следната недела.

На овој начин, со избведна на атмосферската канализација и целосната реконструкција на ул.Манчу Матак, ќе се максимизира техничкиот век на улицата, со што долгорочно ќе се задоволат потребите на заедницата од овој урбан дел на општина Ѓорче Петров.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2022 00:59