ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н. Д. (35) и И. Ј. (65), двајцата од Кичево за вршење јавен превоз без соодветна лиценца.

-При сообраќајни контроли извршени на 14 и 20 јануари на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, полициските службеници ги затекнале пријавените при вршење јавен такси превоз, без да поседуваат соодветни лиценци за вршење јавен превоз на патници, како и извод од лиценци за возило издадени од надлежен државен орган – истакна портпаролот Стефан Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2022 00:59