Исполнето уште едно ветување на градоначалничката Арсовска за 82 дена од градоначалничкиот мандат, пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции, но ова е само почетокот на стратегијата за институциите под надлежност на Град Скопје да биде достапен и пристапен за сите граѓани.

Прилагоден е пристапот за лицата со попреченост во 9 јавни претпријатија, 7 јавни и културни установи и во 23 средни училишта во градот Скопје.

Во изминатите два месеци овозможено е адаптирање во средните училишта во Скопје, и тоа во:

- СУГС „Кочо Рацин” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)

- СУГС „Михајло Пупин” ( две надворешни рампи, лифтовска платформа, лифт, адаптиран тоалет, обележано паркинг место и опремена фискултурна сала со сите потребни реквизити)

- СУГС „Јосип Броз Тито” ( надворешна рампа и адаптиран тоалет)

- СУГС „Панче Арсовски” ( надворешна рампа)

- СУГС „Васил Антевски Дрен” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)

- СУГС „Димитар Влахов” ( надворешна рампа)

- СУГС „Никола Карев” ( надворешна рампа)

- СУГС „Марија Кири Склодовска” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)

- СУГС „Владо Тасевски” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)

- СУГС „Георги Димитров” ( две надворешни рампи, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)

- СУГС „Д-р Панче Караѓозов” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)

- СУГС „Браќа Миладиновци” ( надворешна рампа, две внатрешни рампи, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)

- СУГС „Орце Николов” ( надворешна рампа, две внатрешни рампи и обележано паркинг место)

- СУГС „Цветан Димов” ( две надворешни рампи и обележано паркинг место)

- СУГС „Зеф Љуш Марку” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)

- СУГС „Шаип Јусуф” ( надворешна рампа, обележан паркинг простор и четири адаптирани тоалети)

- СУГС „Раде Јовчевски Корчагин” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)

- СУГС „Арсени Јовков” ( надворешна рампа, поставен лифт и лифтовска платформа, обележано паркинг место)

- СУГС „Осми Септември” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)

- СУГС „Сарај” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)

- СУГС „Боро Петрушевски” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)

- СУГС „Лазар Танев” ( надворешна и внатрешна пристапна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)

- СУГС „Здравко Цветковски” (адаптиран тоалет за лица со попреченост, опремена фискултурна сала со сите потребни реквизити и справи за лица со попреченост)

Пристапни рампи/ лифт за лицата со попреченост овозможени се во Јавните културни установи во градот Скопје, и тоа:

- Културно информативен центар – Скопје

- Дом на култура „Кочо Рацин” – Скопје

- Младински културен центар – Скопје

- Музеј на Град Скопје

- Зоолошка градина – Скопје

- Детски културен центар – Карпош

- Градска библиотека „Браќа Миладиновци”

Поставени се пристапни рампи за лицата со попреченост во сите Јавни претпријатија во Град Скопје, и тоа во:

- ЈП Паркови и зеленило – Скопје

- ЈП Градски паркинг – Скопје

- ЈП Улици и патишта – Скопје

- Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје

- ЈП Комунална хигиена – Скопје

- ЈП Водовод и канализација – Скопје

- Депонија Дрисла – Скопје

- ЈП за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје

- ГЕС СКОПЈЕ ГАС ДООЕЛ – Скопје

Град Скопје ќе продолжи да ги исполнува барањата на граѓаните и организациите, со цел целосна пристапност и отвореност на сите градски институции за сите скопјани.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2022 02:05